За авторот

Биографија

Лили Бошевска е родена во Битола, Република Македонија.  Доктор на стратегиски менаџмент (2013), магистер на менаџмент на човечки ресурси (2004).

Работела како новинар и уредник во Телевизија Орбис Битола, а потоа професор и библиотекар во основно образование. Креирала и реализирала бројни обуки и консултантство во образование, култура и бизнис сфера, во повеќе релевантни проекти и институции. Од 2008 до денес работи како директор на јавни и национални институции, ОУ „Св.Кирил и Методиј“, Национална установа- Универзитетска библиотека Битола, Јавна општинска установа „Културен и информативен центар“ Битола. Претседател е на „Европски институт за релации и соработка“ и член на Македонско научно друштво.

Автор е на повеќе научни и стручни дела и трудови, четири книги проза за деца и млади и девет поетски книги. Пет од поетските книги се инспирирани од ликовната уметност.

НАГРАДИ

2012 Награда на Битолски весник за најуспешен директор во основно образование

2015 Награда „Митровденски битолски медалјони“ за освоено прво место за поезија

2017 Признание Интернационален проект „Night with Hans Christian Andersen 2017”

2017 Награда „Best Brand International“ за најуспешен директор на НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ Битола 

2018 Награда од Библиотекарско здружение на Македонија за Библиотека на годината

2019 Награда за збирката „Исповеди и екстази“ Меѓународeн поетски фестивал организиран од Здружение на ромски писатели Белград

2019 Награда за најдобар библиотекар и најуспешна училишна библиотека од Здружение за култура БихМа

2020 Национална награда „Павлина Цунева Маказлиева“ за најдобар библиотекар

2020 Награда „Димитар ДимитровскиТакец“ Златна плакета за детска книга

2021 Златна плакета за поезија на Asociatia Poetilor Mondiali Romania

2022 Награда на Битолски весник во областа на културата- директор на Културен и информативен центар Битола

2022 Награда Стихозбирка на годината „Надвор од времето“ од поетската манифестација „Ако одам во Битола“ Битолско културно лето БитФест 2022

2024 Награда на фондацијата „Димитар Димитровски Такец“ „Битолски вознес 2024 за книжевност“

2024 Награда „Завештание“ за 2024 година за негување на културното и обичајното наследство

2024 Награда „Панде Манојлов“ за поезија, доделена од „Пелагонски културно- научни средби“

Награди и дипломи на домашни и меѓународни поетски конкурси и фестивали и учество во поетски зборници