Кариера

Работно искуство
2024 – Стручен соработник- библиотекар ментор во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Битола
2022 – 2024 Директор на Јавна општинска установа Културен и информативен центар Битола
2017 – 2022 Стручен соработник библиотекар во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Битола
2016 – 2017 Директор во Национална установа- Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“- Битола
2008 – 2016 Директор во Основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ –Битола
2006 – 2010 Обучувач на наставници
- Прв приватен универзитет ФОН- Скопје / МОН/ БРО/ Проект за модернизација на образованиетоПМО;
- Европски Институт за релации и соработка- Битола; МОН / БРО /Проект за модернизација на образованието ПМО;
- Институт за развој на менаџмент ИМД-Охрид; МОН/ БРО/ Проект за модернизација на образованието
2007 – 2009 Асистент менаџер на Академија за млади обучувачи
- Фонд за развој на човечки ресурси ХРДФ- Скопје
2007 – 2008 Консултант- советник; Обучувач
- АППРМ Агенција за поддршка на претприемништвото- Скопје;
- Евро-регионален Технолошки Центар – Битола;
- ИОМ Скопје (International Organization for Migrations IOM- Skopje);
- Business Start-up Centre Bitola.
2004 – 2007 Обучувач на училишни директори
- СЕА Проект- Активности во средното образование; USAID; МОН;
- Технички факултет- Центар за базично и континуирано образование.
1995 – 2008 Професор по техничко образование ОУ „Св. Кирил и Методиј“ –Битола
1993 – 2004 Новинар и главен уредник во редакција за култура, наука и уметност Телевизија „Орбис“-Битола
проекти од национално и меѓународно значење
2016 Проект од библиотечна меѓународна дејност – „ИФЛА Светски конгрес на библиотекартво и информации Колумбус УСА“ (IFLA World Library and Information Congress: IFLA WLIC 2016 – Columbus, OH – Connections. Collaboration. Community), учество со научно-стручен труд
2020 Проект од литература и издавачка дејност “Самовилата со скршени крилја“- автор на роман за деца и млади прилагоден и за лицата со дислексија.
2023 Проект од меѓународна дејност: “Македонски и канадски графичари 7х7“ (Битола ̶ Р.С. Македонија, Торонто – Канада) Изложба на македонски и канадски графички уметници претставена во Офицерски дом Битола, РСМакедонија и пред студенти и професори на факултетите за ликовна уметност во Канада и графичките студија во Халифакс, Монтреал, Вал Давид, Троа Ривиер, Келона и Торонто.
2023 Проект од визуелни уметности, архитектура и дизајн “Мозаици – 50 години творештво на академик Газанфер Бајрам“ подготовка на публикација- каталог и реализација на изложба на академик Газанфер Бајрам во ЈОУ Културен и информативен центар Битола.
2023 Проект од визуелни уметности, архитектура и дизајн “55 години творештво Атанас Нашоку – Саку “ подготовка на публикација- каталог и реализација на изложба на уметничкиот фотограф Атанас Нашоку- Саку во Офицерски дом, ЈОУ Културен и информативен центар Битола.
2023 Интердисциплинарен проект „Симболи и нови контексти- графичкото творештво на Ѓорги Чулаковски Ѓото, инспирација за екфрастичка поезија“.подготовка на поетско-ликовна публикација- каталог и реализација на изложба. Екфрастичката поезија на битолските поети, овој пат инспирирана од графиките на Ѓото.
2025 Проект од библиотечна дејност „Стручни работилници: Училишните библиотекари- поттикнувачи на интересот за библиотечна дејност кај децата и младите“, Организација и реализација на стручни работилнициза училишни библиотекари, за усовршување на компетенциите за стимулирање на библиотекарската едукација и поттикнување на интересот за библиотечната дејност кај децата и младите,вклучувајќи и деца и млади со попреченост.
2026 Проект од литературна и издавачка дејност „Книга за деца со дислексија- Ливадите на соништата“
2023 Член на меѓународно жири на 22 Меѓународно биенале на графика Варна

Студиски посети и размени
Словенија ̶ јануари 2004, во рамки на СЕА проектот, програма развиена од Америчкиот институт за истражувања и поддржана и финансирана од УСАИД и Министерството за образование и наука на Р.М;
Чешка Република ̶ декември 2009 Посета на основни училишта и еколошки едукативен центар Слунаков;
Турција ̶ март 2012 Студиска посета на институции од образовниот систем на Турција (градинки, основни и средни училишта, Фатих универзитет);
Романија ̶ декември 2012 Студиска посета на Основно училиште бр.11 и Просветен инспекторат Ботосани Романија и размена на искуства.
САД ̶ август 2016 Студиска посета на јавни и локални библиотеки во државата Охајо и учество на Светски конгрес на библиотечна и информативна дејност Колумбус
Германија ̶ 2016 Работна посета и размена на искуства- Универзитетска библиотека Бамберг
Полска ̶ 2016 Студиска посета на Национална и универзитетска библиотека Варшава, 2017 Учество на Светски конгрес на библиотечна и информативна дејност Вроцлав
Хрватска ̶ јули 2023 Студиска посета и размена на искуства со Културен Информативен Центар КИЦ Сплит
Канада – октомври 2023 Студиска посета со стручни предавања на Универзитетите за ликовна уметност: Nova Scotia College of Art & Design во Халифакс, Concordia University of Art во Монтреал, Universite du Quebec воТроаРивиер; работна посета на Канадски музеј на јазиците-Торонто, работна посета и предавања во графичките студија Press Papier Studio во Val-David и Trois-Rivières, Quebec / Квебек и Open Studio-Print Exhibition Centre and Studios во Торонто, Онтарио

